fbpx
6.8 C
Skopje

Меркел не стравува дека после Брегзит и други земји ќе одлучат да ја напуштат Европската унија

АКТУЕЛНО

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави за германскиот весник Пасауер Ноје Пресе дека не стравува дека после Брегзит и други земји ќе одлучат да ја напуштат Европската унија.

„Не, државите членки секако имаат различни идеи за иднината, но патот кон напред е јасен: повеќе соработка“, одговори Меркел на прашањето дали стравува дека други членки ќе ја напуштат Унијата.

Работата во идните години ќе се движи во двете насоки. Од една страна се преговорите за излегување од ЕУ со Велика Британија, а од друга страна разгледување како ЕУ со 27 членки ќе се подготви за иднината, ја пренесува Хина изјавата на Меркел за денешното издание на овој германски весник.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -