19 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Царовска во „Само вистина“: Ние носиме закони со експерти, вие ги носевте ноќе, по 200 во 12 часа

„Законот за недискриминација не е на сила затоа што Ѓорге Иванов не сакаше да го потпише законот и друга причина нема, не е точно...

Ласовска: Ќе ја довршиме гасификацијата во Свети Николе и ќе обезбедиме бесплатен приклучок за гас за секое семејство

Благица Ласовска од Свети Николе му порача на Заев дека го понижи донстоинството на македонскиот народ ги продадовте  македонските национални интереси. Македонскиот идентитет не...

Владата го прогласи 15 јули за неработен, нема да се одработува

Владата на денешната седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни...

Димитров – Анке Гизеле Холштајн: Со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата Меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке...

Меркел – Пленковиќ: Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите со ЕУ

На прес-конференцијата со хрватскиот премиер Пленковиќ, германската канцеларка оцени дека со решавањето на спорот за името Северна Македонија направила неверојатен чекор напред. Поддршка за Скопје и Тирана од Берлин, пишува Дојче веле.

Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ, но на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

„Во случајот на Северна Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада“, рече Меркел во Берлин.

Таа вели дека двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги започнат преговорите.

„Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел.

Германската канцеларка признава дека на самитот на ЕУ во декември не успеале да постигнат договор со Франција за повторно отворање на прашањето за почетокот на преговорите, но се надева дека тоа ќе се случи на самитот на ЕУ во март годинава.

Меркел смета дека самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во јуни во Загреб е важен настан, и вели дека доколку се отворат преговори со Скопје и Тирана тоа ќе биде „важен сигнал“.

Целиот текст на Дојче Веле

Latest Posts

Царовска во „Само вистина“: Ние носиме закони со експерти, вие ги носевте ноќе, по 200 во 12 часа

„Законот за недискриминација не е на сила затоа што Ѓорге Иванов не сакаше да го потпише законот и друга причина нема, не е точно...

Ласовска: Ќе ја довршиме гасификацијата во Свети Николе и ќе обезбедиме бесплатен приклучок за гас за секое семејство

Благица Ласовска од Свети Николе му порача на Заев дека го понижи донстоинството на македонскиот народ ги продадовте  македонските национални интереси. Македонскиот идентитет не...

Владата го прогласи 15 јули за неработен, нема да се одработува

Владата на денешната седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни...

Димитров – Анке Гизеле Холштајн: Со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата Меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.