fbpx
18.8 C
Skopje

Меси: Дали жалам што не ја избрав Шпанија? Ќе бев светски шампион, но…

АКТУЕЛНО

Лионел Меси стави крај на уште една успешна сезона во дресот на Барселона, а сега пред него е еден од најголемите предизвици во неговата кариера, бидејќи ова може да биде и последен пат за него да настапи на еден мундијал.

На големата ѕвезда на Барселона и недостасува само титулата од светските првенства, па повеќе од јасно е дека Меси заедно со своите играчи од Аргентина ќе вложи се што има за да стигне до толку посакуваниот трофеј кој според многумина ќе го смести на највисокото скалило во историјата на фудбалот.

Меси е свесен дека Аргентина не важи за најголем фаворит кога е во прашање трофејот, но исто така вели дека воопшто не жали што не ја избрал Шпанија пред Аргентина, опција која можеше да ја активира бидејќи уште од мали нозе е во Барселона.

– Пред неколку дена, еден мој близок пријател ми порача: „Ако ја избереше Шпанија, веќе ќе беше светски шампио“. Тоа е вистина, но никогаш немаше да биде исто, немаше да бидам исполнет. Во ниту еден момент не ми дојде таква помисла во главата. Да бидеш шампион со Аргентина е нешто уникатно и за тоа се борам, – вели Меси во програмата „Pasion por el futbol“.

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -