fbpx
14 C
Skopje

Металург драстично ослабен гостува во Хрватска

АКТУЕЛНО

Тимот на Металург утревечер во Хрватска против Нексе ќе го одигра последниот натпревар од СЕХА лигата оваа сезона, а поради повреди, македонскиот тим ќе настапи драстично ослабен.

Филип Кузмановски и Александар Гуглета нема да му бидат на располагање на стратегот Лино Червар, откако е јасно дека Кузмановски има оток на раката, па треба да одмори, додека Гуглета има проблем на ципите.

Средбата се игра утре со почеток во 19 часот, а првата средба помеѓу Металург и Нексе во Скопје заврши без победник 25:25. Тимот од Автокоманда се наоѓа на 6. позиција со 17 бодови, додека нивниот противник Нексе е на 8. место со 15 освоени бодови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -