fbpx
16 C
Skopje

Металург подобар од Загреб

АКТУЕЛНО

Ракометарите на Металург дојдоа до петтата победа во регионалната СЕХА лига, откако во рамките од 15. коло во СЦ „Борис Трајковски“ беа подобри од ППД Загреб со 25:22.

Првиот дел од средбата заврши нерешено 10:10, но пресуден беше вториот половина час, во кој Металург создаде предност и рутински ја одржа до самиот крај од средбата.

Најефикасни во победничкиот табор беа Немања Обрадовиќ и Филип Кузмановски со 5 погодоци, 3 имаше Гуглета. На голот одличен беше Мартин Томовски со 10 интервенции.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -