fbpx
22.8 C
Skopje

Метеоролозите најавуваат време несвојствено за ова време од годината

АКТУЕЛНО

Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од југ и истата ќе услови значително затоплување и натпросечно високи температури на воздухот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени додека на југоисток истите можно е да се искачат дури и до околу 30 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со умерена а повремено и значителна локална облачност а повремено ќе има услови и за слаб локален дожд, ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе има услови за повремен локален дожд како и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Пред нас е период на значително потопло време со високи летни температури на воздухот што значи и понатаму на летото му нема крај.

Според најновите анализи со кој располагаме првата половина од овој месец треба да помине во знакот на релативно топло време иако овие информации се сеуште неофицијални и поради тоа што се работи за подолгорочна прогноза промени на истата се можни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -