fbpx
10.8 C
Skopje

Метеоролозите прогнозираат: Еве до кога не очекува топло и суво време

АКТУЕЛНО

Особено натпросечно топло, стабилно и топло како и суво време очекуваме во новата недела која што ни доаѓа односно третата декада од септември и тоа од утре (понеделник), прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Врнежите во третата декада од овој месец ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината додека температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат повисоки дури за околу 10-тина степени и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

И во текот на третата декада од овој месец ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време повремено со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Ув индексот и понатаму ќе има релативно висока вредност и ќе има коефициент некаде до околу 6 па добро е доколку излегувате и седете на директна изложеност на сонце со себе да понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -