fbpx
29.8 C
Skopje

Метеоролозите со најнова прогноза: Каква есен ја очекува Македонија

АКТУЕЛНО

Од утре, па во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност претежно во попладневните часови кога на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во петок само во текот на попладневните часови ќе има нешто поголеми услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сабота претежно стабилна, додека во недела доцна попладне и навечер кон понеделник барем отсега гледано можна е промена на времето.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 38 до 36 степени што значи летните температури нормални за овој дел од годината ќе продолжат и оваа недела.

Според најновите анализи за претстојната есен 2018 не стојат ни малку добро затоа што се очекуваат нешто позачестени врнежи особено на запад и на југ од државава која повремено би можеле да бидат и доста поинтензивни и истите може да условуваат локални поројни поплави.

Гледано пак по температурите на воздухот истите би биле во рамките околу нормалата за есенскиот период иако повремено се можни и нешто посвежи продори од север кој би можеле да условат и подпросечни температури на воздухот.

Се на се пред нас е една доста променлива есен со чести врнежливи денови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -