fbpx
-6 C
Skopje

Михаиловска: На државата и е потребна законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Кандидатката за пратеник во ИЕ3, Соња Михаиловска денес на прес-конференција истакна зборуваше за доброто справување на институциите со корона вирусот. Во продолжение целата изјава:

Почитувaни сограѓани,

Како кандидат за пратеник од коалицијата предводена од СДСМ, чувствувам обврска да ви се обратам и да ви порачам дека во период, кога епидемијата е ставена и се држи под контрола, ние мора да се враќаме во нормала, но и да научиме да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува, но вирусот е сѐ уште присутен. Затоа, не смееме да се опуштиме. Борбата со вирусот ќе ја продолжиме преку целосно почитување на мерите на лична заштита и заштита на јавното здравје.

На територијата на Општина Делчево немаме позитивни случаи на ковид 19, Општината во континуитет ги презема сите превентивни мерки за заштита од заразата, а граѓаните, на кои на кои им изразувам јавна благодарност за досегашниот одговорен однос кон јавното здравје и почитување на мерките за лична заштита од заразата со коронавирусот, дадоа свој голем придонес за мирната епидемиолошка слика на територијата на нашата Општина.

Во таа мисла сакам да истакнам дека нашето ново секојдневие, нашиот нов начин на функционирање, подразбира носење заштита опрема на лицето, маска, шал, марама, соодветна дистанца и редовна дезинфекција на рацете.

Здравствените работници не можат сами. Од овде апелирам дека само преку доследно почитување на мерките може да помогнеме на борците на првата борбена линија. Само преку почитување на мерките може да спречиме ширење на вирусот и да ја задржиме состојбата под контрола. Тоа единствениот ефикасен начин и зависи само од нашето однесување.

Новата нормалност значи дека ќе продолжиме да ги вршиме секојдневните обврски и активности согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Тоа значи дека во таква нова нормалност ќе се одвиваат сите процеси во нашето општество, економијата ќе се враќа во нормала, ќе работиме и ќе вршиме сите обврски но со почитување на сите мерки.

Во такви околности ќе функционираат и државата и институциите кои денеска се наоѓаат во крајно комплицирана состојба која налага организирање на избори во првиот можен рок.

Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес, но само ако сите учесници во процесот ги почитуваат протоколите.

Како што со заштитни мерки ги извршуваме нашите секојдневните обврски, пазариме во маркетите или посетување банка, така со заштитни мерки можеме да го искористиме демократското право да гласаме на избори и да си обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада.

Институциите имаат капацитет, на денот на гласањето да ги обезбедат сите превентивни мерки за целосна заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес.

Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.

Гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски и дека волјата на граѓаните ќе биде легитимна има и од набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР која потврди дека со свои набљудувачи ќе го следи изборниот процес.

На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет.

Само со такви институции со целосен легитимитет можеме полесно и побрзо да се справиме со здравствените и економски последици од коронакризата.

Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот наесен.

Здравјето и живејачката на луѓето се најважни, а за тоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Заедно можеме да ја обезбедиме новата иднина

Почитувaни сограѓани,Како кандидат за пратеник од коалицијата предводена од СДСМ, чувствувам обврска да ви се обратам и да ви порачам дека во период, кога епидемијата е ставена и се држи под контрола, ние мора да се враќаме во нормала, но и да научиме да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува, но вирусот е сѐ уште присутен. Затоа, не смееме да се опуштиме. Борбата со вирусот ќе ја продолжиме преку целосно почитување на мерите на лична заштита и заштита на јавното здравје.На територијата на Општина Делчево немаме позитивни случаи на ковид 19, Општината во континуитет ги презема сите превентивни мерки за заштита од заразата, а граѓаните, на кои на кои им изразувам јавна благодарност за досегашниот одговорен однос кон јавното здравје и почитување на мерките за лична заштита од заразата со коронавирусот, дадоа свој голем придонес за мирната епидемиолошка слика на територијата на нашата Општина. Во таа мисла сакам да истакнам дека нашето ново секојдневие, нашиот нов начин на функционирање, подразбира носење заштита опрема на лицето, маска, шал, марама, соодветна дистанца и редовна дезинфекција на рацете.Здравствените работници не можат сами. Од овде апелирам дека само преку доследно почитување на мерките може да помогнеме на борците на првата борбена линија. Само преку почитување на мерките може да спречиме ширење на вирусот и да ја задржиме состојбата под контрола. Тоа единствениот ефикасен начин и зависи само од нашето однесување. Новата нормалност значи дека ќе продолжиме да ги вршиме секојдневните обврски и активности согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Тоа значи дека во таква нова нормалност ќе се одвиваат сите процеси во нашето општество, економијата ќе се враќа во нормала, ќе работиме и ќе вршиме сите обврски но со почитување на сите мерки. Во такви околности ќе функционираат и државата и институциите кои денеска се наоѓаат во крајно комплицирана состојба која налага организирање на избори во првиот можен рок.Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес, но само ако сите учесници во процесот ги почитуваат протоколите. Како што со заштитни мерки ги извршуваме нашите секојдневните обврски, пазариме во маркетите или посетување банка, така со заштитни мерки можеме да го искористиме демократското право да гласаме на избори и да си обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада. Институциите имаат капацитет, на денот на гласањето да ги обезбедат сите превентивни мерки за целосна заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес. Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.Гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски и дека волјата на граѓаните ќе биде легитимна има и од набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР која потврди дека со свои набљудувачи ќе го следи изборниот процес.На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет.Само со такви институции со целосен легитимитет можеме полесно и побрзо да се справиме со здравствените и економски последици од коронакризата.Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот наесен.Здравјето и живејачката на луѓето се најважни, а за тоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Posted by Соња Михаиловска – Кандидат за пратеник ИЕ3 on Wednesday, May 27, 2020

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-Р ЛАЗАРОВ РАСПАЛИ: СЕ ЗАЦРНИЈА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЈЕАЛЕ ВЕ KАФАНИ

Се распадна општеството во скоро секој сегмент, економски колабираме, образованието е суспендирано а медицинарите се фрлени во оган веќе година дена без пауза, лек...

Kолку долго се чува свeтата вода: Еве што треба да направите со неа после Водици

Прочитај повеќе во продолжение За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света...

Нов силен земјотрес : Овој пат во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија. Според веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според...

Јапонски оперски пејач ја пее „Ако уmрам ил загинам“ (ВИДЕО)

Јапонски оперски пејач Казухиро Котецу кој неодамна ја испеа „Македонско девојче“, сега објави видео во кое ја пее „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот...

Еве kако Трамп посакал да биде испратен од Белата куќа

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ќе полета од Вашингтон четири часа пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Цо Бајден, соопшти Белата куќа. Трамп и...
- Advertisement -