fbpx
-0.3 C
Skopje

Мијалков: Наводиниот инцидент е лага, одредени медиуми слепо ги извршуваат нарачките на одредени центри кои се јасно анти НАТО и анти ЕУ

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ги отфрли како неточни информациите дека синоќа се случил инцидент во ресторанот „Дистрикт“ во кој наводно учествувало неговото обезбедување.

Од некои медиуми прочитав за наводниот инцидент кој се случил синоќа во ресторанот „Дистрикт“, и можам да кажам дека станува збор за чиста измислица. Манипулација подготвена од поединци кои веројатно не се способни за ништо друго. Најостро ги демантирам сите лаги дека воопшто сум бил присутен во ресторанот и дека јас или некој од моето обезбедување учествувале во каква било физичка пресметка. Тоа што мене ме загрижува е медиумскиот простор кој се одвојува за ваквите лаги. Тоа покажува дека одредени медиуми воопшто не ги интересира вистината и професионалното работење. Напротив, слепо се извршуваат нарачките на одредени центри кои се јасно анти НАТО и анти ЕУ поставени – вели Мијалков.

Тој побара извинување од Љупчо Палевски кој преку Фејсбук објави за наводниот инцидент и од чиј пост неколку медиуми ја пренесоа информацијата.

– Ликот кој прв ја постираше оваа невистина и не го крие тоа, доколку не се извини за лагите ќе одговара за клевета пред судот, бидејќи против него ќе поднесам тужба поради штетата која ја нанесува на мојот углед. Понатаму негова е одлуката дали ќе сака да ги штити оние кои му го нарачале измислениот текст. Имено, се говори дека иницијатор на целата оваа измислена приказна е еден сомнителен лик кој се претставува како надворешен советник на министерот за внатрешни работи, кој наводно го држел под контрола МВР. Соработниците од типот на Љупчо Палевски или Миленко Неделковски, Инфомакс и некои други медиуми кои се одбрани да ги пласираат и шират неговите лаги се одамна прецртани од нашите стратешки партнери бидејќи имаат друга агенда. Тоа само говори колку ваквите ликови се далеку од реалноста и нашите стратешки приоритети и колкава штета пред избори може да ѝ направат на партијата во пресрет на изборите, бидејќи секаде се фалат дека вратите во партијата им се ширум отворени и дека редовно се во контакт со највисокото раководство. Жалам што некои медиуми наседнаа на овие измислици и што не ја проверија веродостојноста на информациите. Се надевам дека ќе имаат доблест да го пренесат демантов и да истражат кој стои зад оваа лага и кои се мотивите – додава Мијалков.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -