21 C
Skopje

Милан Калинар Стојановски: Застарувањето како институт не смее да се укине бидејќи ќе предизвика пасивност во сите постапки и отворање на можност за поголема злоупотреба на истите

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Од стартот на моето вклучување во политиката одлучив дека нема да напаѓам никого од останатите политички партии. Но пред неколку дена слушнав две изјави. Една од поранешен премиер, една од сегашен вицепремиер кои се однесуваат на застарувањето во судските постапки што ме натера да го направам моето обраќање.

Поранешниот премиер рече дека тие ќе барале одговорност и разрешување на секој судија кој ќе застари предмет, а сегашната вицепремиерка рече дека тие ќе го укинеле застарувањето како институт. Некој овде лаже. Како ќе разрешат судија ако предметите нема да може да застаруваат? Дали ова значи дека поранешниот премиер лаже кога вели дека ќе разрешуваат судии или сегашната вицепремиерка лаже кога вели дека ќе го укинат застарувањето. Она што можев да го заклучам е дека тие не знаат што е застарување и зошто постои како правен институт. Застарувањето постои како институт за обезбедување правна сигурност и осигрување дека државата, правните и физичките лица активно ќе ги остваруваат своите права во судскиот систем. Ова значи дека застарувањето во граѓанските постапки постои за да се избегне манипулација со одлоглвекувањето на поведување на постапките и таложење на камати во одредено побарување а во кривичните постапки за да се спречи сенилноста на обвинителството во покренувањето на истраги и обвиненија.

Во таа смисла застарувањето како институт не смее да се укине бидејќи истото ќе предизвика пасивност во сите постапки и отворање на можност за поголема злоупотреба на истите. Од друга страна разрешување на судија кој може и да нема вина поради застарување на предметот кој го водел отвара сомнеж за притисоци на истиот во одлучувањето.

Затоа Македонски Концепт излезе со единствено решение кое злоупотребите на судските постапки ќе ги избрише во целост. Кога би се остварила единствена правосудна правничка комора во која би членувале и двете спротиставени страни во постапката и судијата, и секој од нив би бил подлежен на евентуална постапка при дисциплинскиот суд на комората за злоупотреба на својата должност во постапката, и би ризикувал одземање на лиценца и можност повторно да го работи истото, и подлежност на тужба во која би одговарал со сиот свој имот, секој од нив пред да ја злоупотреби постапката ќе размислува повеќе од два пати. Тоа е единствениот начин да се спречи злоупотреба на судската постапка од заинтересираните страни, како и од страна на надворешните фактори и самиот судија, вели Милан Калинчар Стојановски, кандидат за пратеник од „Македонски Концепт“ во своето обраќање.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...

Сулејман Величествениот сака да ја купи луксузната вила на пејачот Бојановиќ – дoбил вакoв одговор (Фото)

Вилата на Милош Бојаниќ на Црногорското приморје секогаш била атрактивна за многу домашни но и странски купувачи кои на пејачот му нуделе милиони. Од...
- Advertisement -