fbpx
32.8 C
Skopje

Миленко Неделковски го впери прстот кон Апасиев и Љубчо Георгиевски: Десницата не победи поради вашите гласови

АКТУЕЛНО

Контроверзниот новинар и водител Миленко Неделковски во својата најнова емисија насловена „Кој може да го сруши СДСМ?“ давајќи свое мислење и анализа за предвремените парламентарни избори вели дека малите партии изработиле на штета на ВМРО.

Требаше да биде срушен СДСМ па потоа да се прави анализа во ВМРО-ДПМНЕ. Вака се испостави дека тие кои се борат декларативно за македонското ткиво, Устав, граници, кои се за асномските принципи, за принципите на Илинденското востание, тие всушност одработија спротивно од тоа и одработија за Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Зборувајќи за изборниот резултат, Неделковски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е казнето, туку тие како политички партии и политичари се казниле самите себе, македонецот и македонската држава.

Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, Димитар Апасиев, и овие партии кои атакуваа а не влегоа, бојкотирачи итн итн. Сите овие гласови ќе донесеа победа на десницата. Сите овие гласови разединети се победа на оние кои работат на пропаста на Македонија, вели Неделковски.

Според него со ваквиот нивен однос тие не го казниле ВМРО, туку Македонија. Со работата на овие сите ние доживеавме да имаме 30 и кусур албанци во Собранието, една четвртина од собранието се албанци, половина од државата ја водат кадри на етнички албанци, во држава во која тие не сакаат да има попис бидејќи ги нема повеќе од 12/13 %. Македонија е прва држава во современиот цивилизиран свет каде што на сцена е класичен апархејд. Кај нас малцинството албанци го владеат мнозинството македонци, додава тој.

Неделковски ја повика дијаспората да се врати во државата и да излезе на улица. Само со критика и не чини тој и тој, без своја акција ништо не може да се направи, смета тој.

Инаку, во текот на денот Неделковски сподели интересен статус за поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, кој гласи вака:

Ѓорѓе Иванов – Предавникот. Ќе остане запаметен по тоа што во негов мандат спротивно на вољата на народот, а со совети од Синиша Алексовски, беше променето името на државата, А ТОЈ НЕ ТРЕПНА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -