fbpx
4 C
Skopje

Милионите на кланот Мугабе

АКТУЕЛНО

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

Србија пред затворање: Ситуацијата во Ниш е на раб на катастрофа

Во Ниш и натаму расте бројот на заболени со ковид-19. Од вчера тестираните 679 материјали, според податоци на Домот на здравје, позитивни резултати добиле...

Два града побараа ПОЛИЦИСKИ ЧАС: Од 21:30 часот до 5:00 наутро Во Гевгелија побара општината

Според извештаите на Министерството за здравство, во последните два дена во Неготино беа регистрирани 84 нови случаи, а во Гевгелија 64. Во моментов активни...

Резиденција со 25 спални соби, 500.000 долари за кавијар и шампањ. Многумина се прашуваат каде се крие огромното богатство на кланот Мугабе, ограбено од оваа сиромашна земја. Јужноафриканските весници се полни со приказни за огромното богатство на Роберт Мугабе и неговото семејство. Само прославите на неговите родендени чинеле по над два милиони долари, за шампањ и кавијар се трошеле по 500. 000 долари. Не е познато колку точно „тежат“ поранешниот шеф на државата и неговото семејство. Се тврди дека на нивните банкарски сметки има скоро една милијарда долари. Покрај неговата лична резиденција во центарот на главниот град Хараре, која располага со 25 спални соби и се проценува на 8,5 милиони евра, Мугабе поседува и луксузна вила за повеќе од 4 милиони евра во Хонгконг, која била омиленото место на неговата жена Грејс. Највредниот имот на поранешниот претседател сепак е “Хамилтон палас” во британското грофство Сасекс, кој се проценува на повеќе од 40 милиони евра.
Тој, исто така, има повеќе од 15.000 хектари земјиште, и тоа не е сè. Мугабе е сопственик на неколку оклопни службени возила, меѓу кои еден Мерцедес со вредност од еден милион евра, еден Ролс- Ројс, скап накит, часовници, акции од бизнисот со дијаманти и други вредни суровини.

Мугабе уживал да прави скапи подароци на неговата сопруга, Грејс, која е 40 години помлада од него. Поради нејзиниот стил на облекување, луѓето во Зимбабве ја нарекуваат “Гучи-Грејс”. Во септември 2014 година таа јавно го заштити нејзиниот сопруг и го нарече “најсиромашниот претседател на светот”. Покрај скапата облека, Грејс, исто така, го сака накитот. Таа порачала дијамантски прстен вреден 20 милиони долари, во чест на 20-годишнината од нивната свадба, но прстенот не пристигнал навреме и Грејс Мугабе поднела тужба против либанскиот златар.
Двајцата синови на поранешниот претседател се исто така тонат во луксуз. Чатунга Мугабе долги години живеел во огромен пентхаус во Дубаи со месечна кирија од 30 000 евра. Потоа се преселил во луксузен кварт на Јоханесбург, каде плаќал “само” по 4 000 долари месечна кирија. Во Инстаграм се појави видео на кое се гледа како тој излева шампањ врз украсен со дијаманти часовник.
Во исто време, Зимбабве нема пари за социјални активности. Голем дел од населението живее во длабока сиромаштија. “Една од најважните задачи на новата влада ќе биде да ги врати украдените од Мугабе пари. Нема да е тешко да бидат откриени банкарските сметки на поранешниот претседател. Нели има меѓународни правила за транспарентност на глобалните финансиски трансакции”, вели поранешниот министер за финансии Тендај Бити.
Шефот на британската невладина организација “Corruption Watch UK” Пол Холден сепак смета дека ќе биде многу тешко да се откријат парите на Мугабе. “Од многу различни фактори зависи дали тие пари ќе бидат вратени во Зимбабве. Прво треба да се утврди колку големо е навистина богатството на Мугабе и каде точно се наоѓа. Веројатно голем дел од неговиот капитал се наоѓа во некоја даночна оаза. Дури и бидат откриени парите, се јавува друга потешкотија, треба да биде докажано дека станува збор за украдени пари “, вели Пол Холден. Експертот дава пример со случајот на поранешниот нигериски претседател Сани Абача, кој за време на своето претседателство меѓу 1993 и 1998 година изнел од земјата 5 милијарди долари од продажбата на масло “. Пред само 16 години, мал дел од парите се вратени во Нигерија”, рече Холден.
“Се надевам дека симнувањето на Мугабе ќе стане референтна точка за трансформирање на Зимбабве од диктатура во демократска држава со слободно и силно граѓанско општество”, вели Холден. Прашањето е во тоа дали наследникот на Мугабе – досегашниот потпретседател Емерсон Мнангагвана е човекот кој може да го охрабри тоа развој. “Од над 30 години Мнангагвана е верен сојузник на Мугабе и е исто така дел од корумпираниот систем. Повеќето набљудувачи силно се сомневаат во тоа дека тој ќе се разликува од својот претходник и не ја исклучуваат можноста земјата едноставно да добие нов деспот” заклучува Холден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

Радиоактивна прашина од Сахара стигна во Европа! 60 години по тестот се врати како бумеранг

Радиоактивната прашина од Сахара е присутна во Франција од февруари, открива Здружението за контроа на радиоактивноста. Прашината ветрот ја донел од пустината Сахара и...

Ѓорчев открива кои афрички земји добиле вакцини пред Македонија

Министерот Филипче, пак, вели дека очекува во среда да почне и вакцинацијата во земјава. Вчера Кенија доби еден милион вакцини од „АстраЗенека“, Руанда 340 000...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

БОМБА НА ЗАЕВ: Им понуди на ВМРО-ДПМНЕ да влезат во Влада, но без Христијан Мицкоски

Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се...
- Advertisement -