Австралиската министерка за здравство „Sussan Ley“ поднесе оставка поради скандалот за трошење на буџетските пари за приватни цели. „Ли, кој беше и министерка за спорт и грижа на старите лица, се најде под притисок на јавноста, откако беше откриено дека барала враќање на средствата од буџетот за посета на Gold Coast, одмаралиште во државата Квинсленд, вклучувајќи го и оној каде што си купила стан.
Поранешната министерка тврди дека одлуката да купи стан од 473. 300 американски долари за време на патување во мај 2015 година не била „планирана и очекувана“. Ли, во соопштението вели не прекршила ниту еден закон, но решила да поднесе оставка бидејќи ја посрамотила Владата во која и таа учевствува.
„Ги прифаќам критиките, но и гневот на јавноста поради привилегии на политичарите… тоа бара соодветен одговор“, рече таа.
Премиерот на Австралија вети дека ќе формира специјална парламентарна комисија за контрола на начинот на кој политичарите ги трошат јавните пари.