fbpx
18 C
Skopje

Министерот ги вработил своите ќерки – ученички како негови асистентки, денес поднесе оставка!

АКТУЕЛНО

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно ле Ру поднесе оставка, откако претходно денеска стана јасно дека во текот на седум години ги вработил ќерките како свои асистентки во парламентот, додека тие се уште се оделе на училиште.

Според зборовите на 51-годишниот Ле Ру тој не сака истрагата на случајот “да ја попречува работата на владата”. Според истрагата на телевизискиот канал TMC Ле Ру им обезбедил на ќерките неколку привремени договори во периодот 2009-2016 година, за кое време тие заработиле вкупно 55 000 евра. Девојките почнаа работа уште како ученички и продолжиле да работат и во времето кога биле на универзитетот. Според зборовите на министерот двете негови ќерки работеле за него за време на летните одмори. Ле Ру е на функцијата од декември минатата година.

Според француското законодавство пратениците можат да вработуваат членови на семејството и роднини како помошници, но тие навистина треба да работат, а не само да се водат како вработени на сметка на државата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -