fbpx
27.8 C
Skopje

Министерот Спасовски се сретна со швајцарската амбасадорка Зутер Техада

АКТУЕЛНО

Многу скоро ќе биде формиран национален комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, кој како една од приоритетните активности ќе ја има подготовката на државна стратегија за сузбивање на радикализацијата и насилниот екстремизам, со акциски план и изменување на Националната стратегија и Акцискиот план за борба против тероризмот, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на работната средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Сибил Зутер Техада.

Како што соопшти МВР, Зутер Техада ги потенцира одличните односи меѓу двете земји и решеноста на Швајцарија максимално да и помогне на Македонија. Во тој контекст, рече, е и швајцарската поддршка за македонската полиција преку низа проекти.

Спасовски ја потенцира решеноста за спроведување реформи во полицијата за што, според него, од голема полза ќе биде и помошта од пријателските земји како Швајцарија. Ги подвлече и мерките што се преземаат за ресоцијализација на луѓето кои веќе бие на боиштата во кризните региони.

– Во 2005 година е потпишан договор за полициска соработка меѓу двете земји и двајцата соговорници се согласија дека оваа соработка е на високо ниво, но дека има простор да се подобри и за таа цел се договорени конкретни мерки. На средбата се потенцира и потребата од соработка за надминување на заканите на глобално ниво, пред се околу борбата против тероризмот и насилниот радикализам, борбата против корупцијата и проблемот со мигрантите, наведува МВР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -