fbpx
16 C
Skopje

Најнеподнослив мирис на цигари: Може да се елиминира за секунда, по што куќата веќе никогаш нема да мириса исто

АКТУЕЛНО

Мирисот на цигари во домот е неподнослив, особено кога ќе се впие во гардеробата, завесите и мебелот. Колку и да чистите тешко е да се искорени. Еве неколку начини кои ќе ви помогнат да се ослободите од лошиот мирис за минута.

Отворете ги ширум прозорите, а прочистувачот на воздух наполнете го со есецијално масло и распрскајте ги теписоните, мебелот и ормарите.

Одредени делови од вашиот мебел се вистински собирачи на непријатен мирис, така што за секој од нив постои начин како да го исчистите. Истурете врз тепихот сода бикарбона, оставете ја да отстои 20 минути и исмукајте ја.

Чадот од цигарите создава жолтеникава нијанса на ѕидовите. За да се ослободите од ова, обична крпа намокрете ја со универзално средство за чистење и поминете преку ѕидовите.

Тапацираниот мебел е најлош собирач на непријатни мириси. Пребришете го со алкохолен оцет разводнет со вода. Можете да истурите и сода бикарбона врз него, па по 24 часа да ја исмукате.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -