fbpx
12 C
Skopje

Миркуловски: Тунис помина, продолжуваме крајно мотивирани и дисциплинирани

АКТУЕЛНО

Вечерва нашата ракометна репрезентација го игра вториот натпревар од Светското првенство во Франција, против репрезентацијата на Ангола.

Во првото коло со победа над Тунис од 34:30 ја започнавме оваа мисија, а денес на патот ќе ни застане „аутсајдерот“ Ангола. И покрај тоа што Ангола е значително послаба репрезентација од нас, од нашиот табор најавија дека нема да ја потценуваат и во натпреварот ќе влезат максимално силно и сконцентрирано.

„Радоста од триумфот над Тунис мораме да ја оставиме зад себе, тоа беше само една од петте средби што ги играме овде во Мец, а сега треба максимално да се насочиме кон Ангола. Оваа селекција е аутсајдер, знаеме дека одигра многу слабо против Словенија, но не се залажуваме и не се опуштаме, очекуваме Анголците да одиграат поразлично, поквалитетно против нас. Сигурно ќе имаат повеќе желба за докажување, ние мораме да влеземе крајно мотивирани и дисциплинирани во натпреварот бидејќи секое потценување на светските првенства скапо се плаќа. Потоа ни следат тешки дуели со Словенија, Шпанија и Исланд, но ние одиме натпревар по натпревар, целосно сме фокусирани на Ангола бидејќи сме свесни за влогот – победа вечерва значи и речиси сигурно осминафинале“, изјави Миркуловски.

Средбата меѓу Македонија и Ангола ќе започне од 20:45.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -