24 C
Skopje

Мисајловски: Дали е нормално да се инсистира на избори со новата бројка од 62 заразени?

АКТУЕЛНО

Со новата бројка од 62 заразени, нормално ли е Спасовски да истрча утрово со изјава дека избори мора да има на 5 јули, прашува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Дали за вас оваа ситуација е нормална ?

Со новата бројка од 62 заразени, нормално ли е Спасовски да истрча утрово со изјава дека избори мора да има на 5 јули?

Дали е нормално неговиот шеф Заев и нивното едноумие што инсистираа денеска дека треба и мора да се продолжат изборните денови за да тераме кампања ?

Дали изјавите дека е последна вонредна ситуација ќе биде последна бидејќи лицитирате со датуми за избори или во се ќе терате политиканство, а ќе се правите дека се грижите за здравјето на народот ?

Што се обидувате да направите, дали има еден разумен во таа партија да ве освести што правите и каде сте тргнале ?

Вие од власта ниту знаете што правите ниту знаете каде терате!!!

Ви посакувам добро здравје на сите вас и вашите семејства што имате симптоми на вирусот и пак ќе повторам дека оваа борба треба да ја водиме сите заедно и сплотени, а не со политика и политиканство.

Разум пред се и здравје над се !!!!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Цаца Биљановска поднела приговор за казната од 10.000 евра, денеска се појави во суд

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра...

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со...

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во...
- Advertisement -