fbpx
6 C
Skopje

МИСЛЕЛ НА СВОЕТО ДЕТЕ КОА ТРЕБА ДА СЕ РОДИ: Висел на жица со часови на срушениот надвозник во Џенова

АКТУЕЛНО

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Трудницата Џулија Органо опишала како нејзиното момче, со кое чека бебе, го преживело рушењето на мостот во Џенова држејќи се за жица 20 метри над земјата.

29-годишниот Џанлука Ардини се држел така со часови иако се здобил со сериозна повреда на рамото. Мислел на своето дете кое допрва треба да се роди.

Ардини, продавач на компјутерски игри, го минувал мостот Моранди со автомобил за да испорача стока кога конструкцијата попуштила. Неговиот колега, 34-годишниот Мати Алтадона, кој бил во автомобилот заедно со него, паднал 45 метри во бездна и починал, но тој преживеал така што се фатил за жица.

„Не знам како да го опишам тоа што се случи, освен дека тоа е чудо. Не смеам да помислам низ што минувал додека со часови висел во воздухот држејќи се со сите сили за жица на висина од 20 метри”, изјавила Џулија Органо.

Таа рекла дека не разговарала со момчето по несреќата, но дека се ѝ раскажале спасувачите.

„Ми кажаа дека пожарникарите му велеле да не мрда за да не падне. На крајот го спасиле”, вели таа.

„Сега има болки, но не е животно загрозен. Сигурна сум дека ќе има физички последици, но сепак можеме да кажеме дека сме имале среќа”, вели Џулија, која одвај чека нејзиното момче да дојде дома.

Потсетуваме, во рушењето на дел од мостот кај Џенова загинале 39 луѓе, а 12 повредени се во критична состојба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Сабриоски до Маричиќ: Плачевте, кукавте, навидум се боревте за нели функционалност на државата се додека не стигнавте на кожната столица

Господине Бојан Маричиќ, министер за правда, не е мое да судам, ниту тоа ќе го направам - ќе ви пресуди перцепцијата на граѓаните за...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...
- Advertisement -