fbpx
10.8 C
Skopje

Митко Јанчев: Договорот е штетен, но во догледно време не би можеле да имаме подобар

АКТУЕЛНО

Митко Јанчев во вечерашната емисија “Отворено” на 24 Вести излезе со малку конфузна изјава. Рој вели дека овој договор е штетен, но за надворешна употреба бил добар и тој ќе го поддржи овој договор, бидејќи според него, подобар договор во иднина немало да сме добиеле.

Инаку по одлуката на неговата матична партија да не им дава насоки на членовите како да гласаат на референдумот, тогаш Јанчев изјави:

-Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев.

На социјалните мрежи Јанчев веднаш беше нападнат дека на овој начин одработува за интересите на Зоран Заев и СДСМ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија во која се почитуваат ставовите и различните мислења на секој член, сепак, официјалната одлука на партиските тела треба да биде последна и секој член, особено од раководството, треба да го почитува официјалниот став на партијата, сметаат граѓаните, пишува Република.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -