13 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев повторно со позитивен гест: Годишната плата на кавадаречкиот градоначалник ќе заврши кај студентите од Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и неговата семејна фондација ,,Никола Јанчев” распиша конкурс за доделување на десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци, кои ќе добиваат стипендија во износ од 8.000 денари во рок од девет месеци, пишува Фокус.

Вкупниот фонд кој ќе им биде доделен на избраните студенти изнесува околу 12 илјади евра, средства обезбедени од градоначалничката плата на Јанчев во текот на годината.

-Кандидати кои ќе имаат предност на конкурсот се оние студенти кои кои потекнуваат од семејства со социјален статус и ниски примања и студенти без родители – информира градоначалникот за Фокус.

Фондацијата го носи името на таткото на кавадаречкиот градоначалник, за кого самиот Митко вели дека му оставил аманет, секогаш да се трудат да работат во корист на заедницата, да помагаат на послабите и со исти очи да го гледаат секој човек.

Целата статија на Фокус можете да ја прочитате ТУКА

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.