fbpx
3 C
Skopje

Мицкоски: Ако случајот Рекет не оди во интерес на јавноста ќе ги објавиме документите од „свиркачот“

АКТУЕЛНО

Досега не сме задоволни како се води истрагата за Рекет, напротив, мислиме дека има класична злоупотреба и прикривање на вистинскиот инспиратор и сценарист во целиот овој случај, вели во интервју за „Радио слободна Европа“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава дека ако наскоро овој процес дивергира од реалноста, јавноста ќе биде сведок на тоа што всушност се случувало.

– Чекаме од тактички причини. Не чекаме од причини што имаме доверба. Довербата во „Кацарска судството“ и „Русковска обвинителството“ одамна ја загубивме. Ние чекаме да видиме од тактички причини, да видиме до кога ќе се дават во жива кал заедно со нивниот налогодавач затоа што тој е свесен дека тоне во жива кал, но не знам дали тие се свесни дека ги влече со него, изјави Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -