6 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски го разрешува Груевски од почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ: Горд сум што ќе имаме ваков статут

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека е можен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на предлозите за јавното обвинителство. Тој рече дека во записниците за „Рекет“ има имиња на високи политички чинители и дека одговор за тоа треба да даде обвинителката која го води случајот.

Мицкоски истакна дека истрагата не само што не привршува, туку и киксира.

– Ние до овој момент даваме шанса на обвинителството. Да го почекаме обвинението, да видиме кои се индициите за сторен криминал, кога ќе го видиме тоа ќе кажеме дали обвинителката постапила според тие индиции а после преку консултации со луѓе кои се мои стратешки соработници ќе ја информираме јавноста за нашите идни постапки.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на телевизија 24 зборуваше дека сака да биде ослободен имотот на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека тој сега е заробен од страна на правосудните органи и тоа според него е направено на сосема нелегетимен и незаконски начин.

На прашањето зошто не се оградил од Груевски, Мицкоски вели:

– Јас можам да се извинам за тоа што јас ќе го сторам и за тоа да поднесам одговорност. За она што во минатото било направено погрешно сум подготвен да го корегирам во рамките на партијата. Не зборуваме за иселувањето, не зборуваме за Рекет, не зборуваме за лошата состојба во државата, а треба да зборуваме за оградување од нешто за кое зборуваме три години наназад.

На прашањето на Чадиковски дали тоа што ќе се отстрани позицијата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ значи оградување од Груевски, лидерот на партијата рече дека тоа е статут направен согласно реформите во партијата, направен како резултат на темелна анализа на неколку сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.

24 ОТВОРЕНО

Posted by Телевизија 24 on Tuesday, October 8, 2019

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Путин не дозволува да му се прекрши зборот: Доктор заврши зад решетки поради корона вирусот

Руските власти ја уапсија претседателката на независниот синдикат на лекарите, Анастасија Василиева. Таа го критикувала малиот официјален број на заразени со корона вирусот во...

(ФОТО) Нема да поверувате – Како изгледал министерот Венко Филипче како студент

Шармантен и неодолив, министерот за здравство Венко Филипче е фигура број еден во последниот месец во државата. Како и не би бил, кога успешно...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.