fbpx
6.8 C
Skopje

Мицкоски и Шилегов во целодневна преписка за набавка на скала од Будимпешта

АКТУЕЛНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува дека иста таква опрема е набавена и во Загреб, ама за двојно пониска цена, односно за 800 илјади евра.
Набавка на противпожарна скала за град Скопје од унгарска фирма е темата околу која денеска разменија повеќе фејсбук – статуси и меѓусебни обвинувања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Според објавата на Мицкоски околу пладне, Шилегов набавил противпожарна автомеханичка скала, вредна нешто повеќе од 1,7 милиони евра. Носител на набавката, како што посочува лидерот на опозицијата, е унгарска компанија со седиште во Будимпешта, како чиј партнер се јавува фирма каде што косопственик е зет на секретарот на град Скопје.

„Да, да, компанија со седиште во Будимпешта. Истата таа држава и град што СДСМ жестоко ги анатемиса изминативе речиси три години. Но бизнисот мора да врви. Додека, пак, врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на унгарската компанија се јавува истата компанија кадешто косопственик е зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде што е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000 евра“.

Следеше одговор од Шилегов, кој му пиша на Мицкоски дека, додека некој оди по инструкции во Будимпешта, друг оди по опрема.

„Додека ти Христијане ја заморуваш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани“.

Неколку часа подоцна, Христијан Мицкоски се јави со нова реакција, обвинувајќи го Шилегов дека манипулира со јавноста. Тој посочува дека иста противпожарна скала има и Загреб, со таа разлика што е платена двојно помалку.

„Покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам, ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме сѐ, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала, со целосна дополнителна опрема, за помалку од 800 000 евра. Но, ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000 евра“,

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -