fbpx
22.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ЈА ОБЗНАНИ КОНЕЧНАТА ОДЛУКА: Македонија не е само на Мицкоски и Заев, граѓаните сами да одлучат по сопствено убедување!

АКТУЕЛНО

Нашата татковина е пред крстопат, а ова се историски мигови, важни за нашата заедничка иднина, но и за опстојувањето на Македонија.

Од власта ќе кажат дека е потребен исчекор напред, но треба да се знае дека пред нас е бездна наречена договор за промена на името на Република Македонија. Со тоа се брише името на Македонија, идентитетот, пасошите и личните карти. Со досега прифатеното владата ги сруши сите преговарачки позициии градени со години. Го говорам ова за да остане запишано и да има трага.

Сакам да бидам реален и повеќе искрен на повеќе теми. Македонија е доведена во непријатна ситуација од неодговорни политичари.

На власт дојде влада која реално нема никакви резултати, секому му е јасно дека имаме економско фијаско, а ветувањата не се остваруваат. Секојдневно се случуваат милионски тендери, државни пари кои завршуваат во џебовите на министрите и владините функционери. Започна лов на јавно искажан збор, па така, ако не се багерите за да газат, тука е полицијата за да малтретира или градоначалниците да потсетат дека нешто се снима.

Нас, Македонија ни е во интерес, и никој друг. Има работи за кои сте подготвени да платите висока цена, но има работи за кои не сте подготвен да платите никаква цена. Воедно, еден од клучните проблеми е што целокупните процеси за името, за кои Зоран Заев ветуваше и ветува работи кои и самиот нема моќ да ги исполни и така ја доведува до потешка ситуација нашата држава.

Договорот со Грција за смена на името е кој јас и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаме. Ние остануваме на ставот дека сме против овој договор затоа што веќе е јасно дека со овој договор се менува уставот на РМ, се менуваат патните исправи, личните документи, се прифаќа комисија за разгледување и ревидирање на културата и традицијата што ќе отвори пат во иднина кога ќе посака јужниот сосед да не блокира кога сака и како сака кон нашиот пат кон ЕУ. Тоа е неодговорно. Ги губиме сите позиции, целата предност, сите аргументи стекнати низ годините наназад.

Мицкоски посочи дека референдумското прашање е манипулативно и не се однесува на суштината а тоа е што се има на маса, односно целокупната содржина која ја носи овој договор а тоа е промена на име.

Свесно се одбра ова прашање кое што е сега, затоа сака да се внесе забуна кај гласачите. ВМРО-ДПМНЕ напоменувам е за членство во НАТО и ЕУ. Тоа се нашите пријатели, партнери, не треба да се заборави дека ВМРО-ДПМНЕ е формирана како одговор на партијата СДСМ која е продолжение на минатиот комунистички систем.

Ние сме силно против овој договор бидејќи се коси со Уставот и принципите на оваа земја. ВМРО-ДПМНЕ е на страната на сите кои се аргументирано против овој договор на еден или друг начин. Ќе ја цитирам германската канцеларка Ангела Меркел која вели дека постојат и други услови покрај договорот кои мора да се реализираат.

Прашањето за името, е натпартистко и е суштествено прашање кое задира во историјата, го опфаќа делото на нашите претци, но и нашата иднина. По одржаните состаноци, а имајќи го предвид го фактот донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, секоја индивидуа, со сопствениот морал и совест да донесе одлука која смета дека е најдобра за неговото семејство и нашата мила татковина. Македонија не е само на Мицкоски и Заев, туку на секој слободомислечки граѓанин. Сите аргументи и факти се пред Вас, јас сум убеден дека вие знаете што треба да направите. Слушајте го вашето срце и вашиот разум и сосема на крај – Македонија ќе победи!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -