fbpx
2.8 C
Skopje

Мицкоски: Јас ќе уривам зидови кои делат и ќе градам мостови

АКТУЕЛНО

,,Нашата цел за наредните триесет години мора да биде уривање и на последните стереотипи, поделби, клевети и обвинувања. Јас ќе уривам зидови кои делат и ќе градам мостови, единствена земја. Доста е од се досега.

Во оваа држава мора животот подеднакво да значи и во Липково, и во Кривогаштани. Мора да се развива и Тетово и Штип.

Мора да градиме мостови, и да се разликуваме меѓу себе по идеите и во натпреварот кој повеќе ќе направи за нашата земја.

Нашата нова цел мора да биде интегрирано здравство каде луѓе од Европа ќе доаѓаат да се лечат во земјава затоа што имаме знаење и услови за тоа, а не да умираат луѓе по болници затоа што нема ресурси за да се спасуваат животи.” – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ,,фејсбук”, споделувајќи видео во кое тој држи говор на промоција на кандидат за градоначалник.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -