fbpx
-4 C
Skopje

Мицкоски: Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат како Груевски заминал од Македонија?

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју дадено за „Република“ вели дека се сомнева дека е следен од безбедносните служби.

-Имам отворен сомнеж дека ја следат цела опозиција, затоа е и отворениот сомнеж дека ме следат мене, моите соработници, но и тоа нема да им помогне. На Александар Николоски му објавуваат фотографии од средби на улица. И што мислите не го следеле Груевски и не,знаеле дека заминува?! Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат. Најмалку што треба да направи Спасовски е да си поднесе оставка веднаш. Човекот ја девалвира одговорната позиција со која не може да се носи. И не само тоа, што стана со реформите во полицијата, со реформите од Прибе, што стана со професионализацијата на полицијата. Ништо! Нема ниту една акција против организиран криминал, нема откриен шверц, казнет криминал. Цел апарат впрегнале за пресметка со опозицијата, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски како причини плус за оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги додаде нерасветлените убиства.

„Спасовски мора да замине. Тој не расветли еден куп убиства, Спасовски нема реформи, си ги ослободува од затвор соработниците кои му ги фатија во криминал, во корејски стил ни пушти полиција да го окупира штабот. Оставка е првото нешто што треба да се случи.“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека помирувањето е решение за политичкиот прогон врз опозицијата:

„Треба помирување затоа што има политичи прогон. Нека престане политичкиот прогон и веднаш ќе има помирување. Тоа не носи ништо добро за никој во оваа држава. Јас не велам да нема постапки, ама постапки по закон, во кои се почитува пресумпција на невиност, во кое обвинителот и одбраната имаат ист третман, во кој се почитуваат процедури, во кои има достоинство и вистиска потрага по правда, а не правда која е неправда, поход во кој се бара крв и во кој се жигосува, во кој политичкото водство на МВР бара притвор и судот определува притвор, во кое владеат сомнежите дека премиерот кажува кој, кога и на колку годии ќе биде осуден… Тоа не е евроатланстака Македонија.“

Тој додава и амнестијата е едно од решенијата.

-Ние поднесовме закон за амнестија за случувањата за 27 април, и тој е добра основа за разговор и изнаоѓање на решение. А што се однесува за општественото помирување ВМРО-ДПМНЕ има план и тоа треба да се одвива паралелно со процесот на реформи потребни за европската агенда каде сме подготвени да дадеме квалитативен придонес со цел остварување прогрес, подвлече Мицкоски во интервјуто дадено за „Република“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -