fbpx
2 C
Skopje

Мицкоски: Кој ќе сноси одговорност ако докажеме дека пратениците бесправно се држат во притвор?

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на повеќе актуелни теми разговараше во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Тој вели дека пратениците бесправно се држени во притвор за случувањата на 27-ми април.

-Тоа е  страшно што се случува со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои во моментов се наоѓаат во притвор. Веќе втор пат им е продолжен притворот за дополнително 30 дена. Пратеници, но и родољубиви патриоти кои нова година и божиќните празници ги поминаа позади решетки во затвор, бесправно држејќи ги таму иако знаеме дека голем број на луѓе кои во минатото беа осудени за сторен криминал се наоѓаат на слобода, нивните казни се преќинати и тие се ослободени. Навистина е еден тежок, еден траорен момент да се соочите со семејството на тие луѓе бидејќи и тие самите знаат дека се бесправно држени таму, рече Мицкоски.

Вели дека како претседател на најголемата македонска партија сочувствува со оваа ситуација и дека ги следи законите и правилата за да направи се и да се избори нивната невиност да биде докажана.

-Што доколку ние ја докажеме нивната невиност? Кој ќе сноси одговорност? Дали премиерот на државата? Министерот за внатрешни работи, што прекрши неколку членови  од кривичниот законик и од Уставот на државата и од други типови на документи, ќе сноси ли одговорност и ќе поднесе ли неотповиклива оставка? Многу закони се прекршени во процесот на нивно апсење.Што доколку ние како луѓе и нивните адвокати ја завршат правната постапка, дали во Македонија или пред Судот за човеков права во Стразбур, и се донесе одлука дека апсолутно бесправно биле ставени во притвор? Мора да се воведе институтот “одговорност“ во оваа држава. Не може вие да имплементирате сила затоа што чувствувате дека сте силен човек. Мора да ги почитувате законите! Во првиот момент кога ќе се соочите со фактот дека не сте ги почитувале законите, вие мора да сносите одговорност за тоа, порача Мицкоски на Телма телевизија во интервјуто снимено во партиското седиште.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Народниот правобранител веќе го лоцираше проблемот и сите прекршувања на закони во постапката на приведување и ставање во притвор на пратениците, а министерот соочен со фактите дополнително манифестира ароганција тврдејќи дека ги почитува законите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е Чегевара на батерии

Твит на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ Стојанче Ангелов ќе биде главен лик во кризнава состојба. Ќе се бориме со пандемија на чело со Стојанче...

Убава вест: Државата започна со исплата од 11.000 денари до 14.000 денари за сите граѓани кои се во оваа категориј на пензионериа

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за ноември почнуваат да се исплаќаат од денеска, предвреме и етапно, со цел да се...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Спасовски: Развоен буџет за модерна полиција и достојни услови за полицајците и во 2021 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше буџетот на Министерството за наредната година, посочувајќи притоа дека тој е развоен и дека ќе...
- Advertisement -