fbpx
22.8 C
Skopje

Мицкоски му се налути на Заев и јасно му порача: Ако го најдам твојот пријател

АКТУЕЛНО

Во изминатите денови Зоран Заев јавно бараше од Христијан Мицкоски да се изјасни за референдумот и да стои на јасен став, дали ќе излезе да гласа или ќе бојкотира.

По тој повод, се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој на Заев веројатно му се налути и нафрли, затоа што неговото презиме го изговорил со В, односно МицкоВски наместо Мицкоски.

-Ако го најдам вашиот пријател МицкоВски ќе му пренесам дека го барал еден политичар кој знае да си подлажнува и си го признава тоа. Ќе му пренесам дека сте пишувале некои шеги за имплементација на закони.

За ова како и за губењето на името, идентитетот, очајната економска ситуација, за тоа колку далеку сме од ЕУ со ваква власт и многу други прашања ќе имаше прилика да дознаеш одговори на дебата која толку многу ја одбегнуваше оваа кампања со Мицкоски. Еве јас да Ви кажам Zoran Zaev, европските закони ќе се имплементираат кога ќе одговараат сите што барале да се остават илјади евра зад “бишкарникот” на Мирчо.

Македонија ќе ве преживее и Вас и тие околу Вас. Македонците не си ги продаваат честа и достоинството за сто евра. Дајте да си го сочуваме идентитетот. Откажете се од коцкање со нешто што не е Ваше. Играјте all in со фирмите на Вице, а не со народот, напиша Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -