30 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави три нови инвестиции во првите сто дена

Имаме јасна методологија, имаме концепт, имаме политики кои ќе ги преземеме уште во првите 100 дена и можам да најавам дека во првите 100 дена директно владата на ВМРО-ДППМНЕ ќе донесе три сериозни, големи мултинационални компании, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на 24 телевизија.

Тој потенцираше дека идната влада ќе биде влада која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде влада во која ќе имаме раст на плати, на пензиите, вистински инвестициски бум, за разлика од владата на Заев која не постави на дното во регионот и Европа.

-Зоран Заев изминативе три години на почетокот на секоја година најавуваше инвестициски бум и економијата дека ќе ни цутела. Но за жал, ние секоја година бевме на дното, не само во Европа и на Балканот, нагласи Мицкоски.

Мицкоски по прашањето кој би се нашол со нив во коалиција, рече дека ќе коалицира со секој оној со кој што програмата ќе биде компатибилна со програмата на коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, односно ќе ги прифатат политиките на ВМРО-ДПМНЕ:

„Можеби ќе има и од пратеничкиот состав на коалицијата која ја предводи СДСМ имајќи ги предвид разговорите во овој предизборен период, ништо чудно да се приклучат и да ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ“.

 

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.