14 C
Skopje

Мицкоски не сака на избори на 5 и 8 јули – бара датум на средината на јули

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната пресконференција рече дека 5 јули и 8 јули не се опција за датум за избори. Тој го повика претседателот Пендаровски ја да продолжи вонредната состојба за да се изработат протоколи за како што рече, заштита на здравјето на граѓаните.

– Да изработиме протоколи за соодветна заштита и да имаме фер, демократски, инклуизвни избори во Македонија.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека според сегашната ситуација, првата возможна дата е средината на месец јули.

На прашањето дали специјалната мисија на ОБСЕ и ОДИХР е доволна за ВМРО-ДПМНЕ и тоа е прифатливо, тој рече:

– Присуството на ОБСЕ и ОДИХР во државата гарнатира основно услови за фер и демократски избори. Доколку сето ова кое досега е ветено, биде испорачано тогаш да, сигурно ќе имаме услови за изборен процес кој би бил според барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Овие мисии мора да бидат присутни пред почетокот на кампањата.

Што доколку нема продолжување на вонредната состојба, Мицкоски рече:

– Нема да бидеме дел од такви избори ниту на 5, ниту на 8 јули. Тогаш претстојат други чекори за кои јавноста ќе биде благовремено информирана.

Според Мицкоски секое поместување, ја поместува можноста за договор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...

Рекорди се нижат: Се апелира на почитување на мерките – над 983 луѓе биле казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.10.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството за...
- Advertisement -