30 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Не сме сшти хора со Бугарите, ние сме горди Македонци – Заев: Еден муабет правите пред Борисов, друг дома

Кажете чиста ситуација. Ќе го поништите ли догворот со Бугарија. Еден муабет правите пред господинот Борисов, а овде дома правите сосема друг муабет, му рече Заев на Мицкоски на денешниот ТВ дуел алудирајќи на средбата која првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја имаше со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Не сме сшти хора господине Заев, тоа треба да го знаете, ние сме горди Македонци, рече Мицкоски.

На оваа негова реченица, претседателот на СДСМ Зоран Заев конкретно го прашуваше Мицкоски дали ќе го поништи договорот со Бугарија и додаде дека е завршена приказната со мрачното минато во кое Македонија беше скарана со сите соседи.

Благодарение на договорите Македонија е таму каде што е, денес сме членка на НАТО и сме на почеток на преговори со ЕУ.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.