fbpx
-8 C
Skopje

Мицкоски: Непристоен предлог е понудата за влез во влада, а тоа дека сум барал амнестија е измислено

АКТУЕЛНО

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Непристоен предлог се разните неформални понуди, кулоарски муабети и ноншалатни математички пресметки за учество во влада, која треба да го донесе и реализира Договорот со Грција. Вака лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги коментира изјавите на премиерот Зоран Заев, кој рече дека на последната од трите одржани лидерски средби, му понудил на Мицкоски влез во Владата се до полноправното членство во НАТО, во замена за референдумска поддршка од најголемата опозициска партија. Понудата била одбиена, затоа што, како што тврди Заев, ВМРО-ДПМНЕ ги интересирала само амнестија за нивните поранешни функционери.

Мицкоски на својот фејсбук профил наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а понудата за учество во Владата на Заев ја коментира како нешто што е надвор од неговите морални принципи.

Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери…Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше, подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак, таквата понуда е сигурен доказ дека тие што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби, пишува Мицкоски на својот фб-профил.

Според него, непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер.

– Влада чија главна задача се делење државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде што криминалот метастазира, хедонизмот цвета, а корупцијата е заеднички именител, не може да биде влада која ќе донесе иднина, туку влада која ќе зацементира небиднина, наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека партијата се уште нема изградено официјален став за претстојниот референдум.

Премиерот Заев, пак, вели дека на опозицијата ѝ понудил и предвремени парламентарни избори во термин по нивни избор, ако на референдумот обезбедат 300 илјади гласови „против“, само ако повикаат на излезност. Откако тоа било одбиено, тој ја понудил и својата оставка ако опозицијата на референдумот извади повеќе гласови „против“ отколку што ќе бидат „за“, што според Заев, исто така не било прифатено од лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Повреда при раѓање му ја парализирала раката на малиот Михаил, за лекувањето потребни 15.000 евра

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за...

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

Мицкоски најавува блокaда на Скопје: Колку е паметно да се одржуваат протестит за време на пандемија?

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протести со движење на колони возила низ улиците на 11 градови во државата против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата,...

Поради неговата сопруга била напишана песната „Македонско девојче“: ТАЖНА ВЕСТ – почиna зетот на пејачката Виолета Томовска

Зоран Росоманов, зетот на македонската фолк-легенда Виолета Томовска почина од последици на ковид-19. За сопругата на Зоран, Невенка, е испеана легендарната песна „Македонско девојче“....

Зад себе има два неуспешни брака: Колку тежи познатиот актер од Истанбулската невеста

Како што ви е веќе познато Оскан Дениз го глуми Фарук од хит серијата Истанбулската невеста. Оскан е роден во Анкара на 19ти Мај...
- Advertisement -