fbpx
6 C
Skopje

Мицкоски објави видео од состанок со кандидатите за министри и заменици

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одржа состанок со членови на неговиот кабинет и со кандидатите за министри и заменици министри предложени од неговата партија во техничката влада за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Мицкоски на својот фејсбук профил објави видео од средбата, на кое, сепак, го нема предлогот за министер за внатрешни работи, Драган Ковачки, кој беше одбиен од СДСМ, поради тоа што е во судир со Уставот. Се поставува прашањето дали ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи друг кандидат.

-Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува. Тоа е голема одговорност која ја прифаќам. За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во техничката влада да ја заштитат народната волја. Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук профилот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -