fbpx
7 C
Skopje

Мицкоски од денес тргнува со интензивни теренски посети

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Од денес па во наредните неколку недели дознаваме дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тргнува во интензивни теренски посети низ градовите и селата на средби со граѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека салонската политика не е одлика на партијата и дека главната намера е да се комуницира со граѓаните кои се соочуваат со секојдневни проблеми. Од таму велат и декса Македонија стагнира и тоне во секоја област.

-Граѓаните имаат се повеќе проблеми и се препуштени самите на себе. Таквата коцкарска политика ја втурна државата за најкорумпирана земја во Европа, на дното по економскиот раст, без изгледи тоа да се подобри, граѓаните имаат изневерени очекувања од владата, која е удобна во своите кабинети и не го слуша гласот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски најпрво ќе го посети струмичкиот регион. Тој денес ќе има средба со младите во Струмица, па потоа ќе го посети Конче, па Вељуса, а на крајот од денот ќе одржи и состанок со општинскиот комитет на партијата во Струмица.

Во наредните неколку денови тој ќе ги посети и околните населени места и градови.

Од партијата велат дека секојдневната комуникација со граѓаните ќе стане траен белег на партијата, а не излоран принцип на работа. Освен Мицкоски на терен ќе бидат и останатите членови на Извршниот комитет и тоа се планира да биде константен начин на работа.

-Заедно со граѓаните ќе креираме политики и тоа е најдобриот начин да се дојде до решенија за многу од проблемите, имаме стручни луѓе, експерти и кадар кој тоа ќе го преточат во прецизна програма која ќе биде понудена на граѓаните, додаваат од партијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Нема резултат состанокот на заедничката мешовита експертска комисија за историски и образовни прашања за спроведување на договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија

Нема никаков напредок во споровите со Република Македонија. Ниту вториот ден, од работата на зедничката мешовита експертска комисија за историски и образовни прашања, воспоставена...

Беше ѕвезда во Реал Мадрид и му предвидуваа голема кариера, сега прогласува банкрот

Кога во 2007 година тогаш 20-годишниот холандски фудбалер Ројсон Дренте потпиша за Реал Мадрид, многумина му предвидуваа голема кариера. Меѓутоа, Дренте не се наигра...

Зоран Заев се прости од Баге: ТАЖНА ВЕСТ – силно ме погоди веста за омилениот другар за неговите пријатели, Благоја Стефановски Баге

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ извика “да живее Зоран Заев”: Се огласи и Костадинов

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски направи лапсус и викна „Да живее Зоран Заев“. По...

Резултатите за изминатите 24 часа: Дури 2824 луѓе биле тестирани, позитивни се 1100

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56,...
- Advertisement -