Од Словенија обезбедивме 100.000 маски и 100.000 ракавици помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека лично му се јавил на премиерот на Словенија, Јанез Јанша и ја договорил работата.
Мицкоски најави дека во следните неколку денови ќе стигне и нова помош, притоа несакајќи да каже од која земја.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, помош ќе пристигне од исто така и друга блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто Мицкоски одби да одговори од која друга сестринска партија обезбедил помош?
Според одредени медиуми станува збор за Унгарија, држава во која прв човек е Виктор Орбан, претседател на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, но и држава во која е пребеган поранешниот премиер Никола Груевски.