fbpx
20.8 C
Skopje

Мицкоски одговара на прашањето дали е можно пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за договорот во собрание

АКТУЕЛНО

На 30 септември граѓаните на Македонија на референдум ќе треба на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?” да одговарат со „за“ или „против“.

Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека ако на референдумот нема исполнет цензус, тогаш останува институциите да одлучат, односно Парламентот да се изјасни за измените на Уставот.

Во јавноста се шпекулира како би гласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието, по прашањето, односно гласањето за Преспанскиот договор.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски во интервју за Сител вели дека е убеден дека референдумот нема да успее. Во тој случај ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот нема да гласа за уставни измени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -