6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Мицкоски: Официјално Светска банка ги намали прогнозите за економски раст, цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски да понесат одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска кажа дека по катастрофалниот економски раст од само 0.1% на македонската економија во првиот квартал годинава, со што државава оствари убедливо најслаб резултат во Европа, и Светска банка направи официјална корекција  на проекциите за економскиот раст со што ги намали истите со кој што ќе расте македонската економија.

-Светска Банка во својот извештај Global Economic Prospects за Јуни 2018 ја ревидираше оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година. Ќе потсетам дека растот од 2,3 % е далеку понизок од 5 % раст годишен колку што ветуваше Зоран Заев за време на кампањата на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Светска банка за 1 % ги намали проекциите за раст и за наредните две години. Фијаското во растот на македонската економијата е реалноста во која што живеат граѓаните. Со ваквите прогнози Македонија останува закована на дното во Европа, додека сите други економии без исклучок одат напред, изјави Мицкоски.

Мицскоски напомена дотолку повеќе што државата влегува во ризична зона каде ќе се бори за редовна исплата на плати и пензии, нешто што само ја покажува неспособноста на самата влада.

-Лошите економски резултати значи дека граѓаните осиромашуваат, и добиваат неизвесна иднина.  За ова потребно е да се понесе одговорност од цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски. Докажуваат дека не умеат, не знаат и немаат план и затоа мораат да си одат. Ова е уште една изгубена година за македонските граѓани, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека ова е огромен пораз за економските политики на Владата предводена од Зоран Заев.

-Претпоставувам и дека после оваа обраќање, од партискиот центар за шарени лаги на СДСМ ќе излезат со неоправдани обвинување насочени кон минатото, но граѓаните најдобро ја препознаваат реалноста и единствено ги интересира иднината за што ние нудиме решенија. Македонија мора и може подобро. На граѓаните им треба напредок и успеси и ние тоа ќе го направиме и Македонија ќе победи!, изјави Мицкоски.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -