fbpx
25.8 C
Skopje

Мицкоски по средбата со Заев најави нови кадровски политики

АКТУЕЛНО

Со претседателот на Владата отворивме прашања за неколку теми. Нормално за некои од темите имаме различни мислења и аргументи. Во овој момент мислам дека е добро да се дискутира, се што е во интерес на граѓаните и Република Македонија не треба да претставува табу тема ниту за позицијата, ниту за опозицијата,“ рече новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со премиерот Зоран Заев.

Во тој дух ќе продолжиме во периодот што следува. Се разбира дека сме претседатели на различни политички опции, нормално е да имаме различни политички ставови по однос на различни прашања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека на денешниот состанок ги аргументирале своите ставови исклучиво на факти.

Одговарајќи на новинарско прашање потенцира дека говореле за економски и образовни политики, како и за здравството, а не само за политички теми.

Мицкоски истакна дека дополнително ќе се одлучува дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието. Тој ќе одржи состанок со пратеничката група за заедно да одлучат за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста за сево ова ќе биде информирана во текот на утрешниот ден.

На забелешката дека и по три дена откако е избран за претседател на партијата, се уште од таму стигнуваат истите соопштенија во кои се користат исти зборови како претходно, тој рече дека не би се сложил со таквата констатација.

– Околу новите кадровски политики коишто ќе ги има структурата на ВМРО-ДПМНЕ и потезите коишто јас како претседател ќе ги преземам ќе бидете сведоци во периодот којшто следува – рече Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -