fbpx
20 C
Skopje

Мицкоски пред новинари од 5 национални телевизии: На референдумот на одредени места се гласаше на 2,4 секунди, па зарем тоа е можно?

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостува на Македонската Радио Телевизија, каде што одговара на новинарски прашања од новинари од повеќе национални телевизии.

Зборувајќи за бизнис климата и економијата во државата, Мицкоски вели дека ако секоја година има избори, тогаш ќе има проблем. Доколку сега се спојат овие два изборни циклуси, тогаш нема да имаме проблем со економијата, додава тој.

Сакаат да ги украдат изборите. Ние нема да им го дозволиме тоа и ќе победиме. Неколку пати кажав дека имаме докази поднесени до ЈО, зарем поголем доказ има од тоа дека имало гласање на 2,4 секунди на референдумот? Еве, да направиме симулација колку време е потребно за гласачот кога ќе влезе да гласа, до местото на гласачкото место, ќе кажеме дека се потребни 3 минути, еве би се согласил и на 1 минута, но не можам да се правам дека сум глуп и да замижам пред фактот дека имаше гласање на 2,4 секунди. Па не е битен ниту Мицкоски, ниту Заев, битни се процесите во државата. Погрешно расте дрво што е погрешно насадено, рече Мицкоски во гостувањето на МТВ1.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -