fbpx
5 C
Skopje

Мицкоски: Византиските игри и сплеткарања многу бргу ќе се вратат како бумеранг

АКТУЕЛНО

Заев не си купи мирно владеење, туку броени денови на Владата, која е на стаклени нозе, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Дојче веле
Според Уставот, прашање за доверба на Влада не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, што во случајов би значело до почетокот на јуни, освен ако зад ваква иницијатива застанат 61 пратеник

Следното прашање за доверба на Владата ќе го постави опозицијата, кога ќе имаме 65 пратеници. Ова го најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за Дојче веле коментирајќи за вчерашните случувања во парламентот, каде што Владата на Зоран Заев повторно доби поддршка од 62 пратеници.

„Тука морам да сум искрен – не сум ниту изненаден ниту неспокоен. Тие византиски игри и сплеткарања многу бргу ќе му се вратат како бумеранг. Јас можам да кажам граѓаните да бидат спокојни. Гласањето доверба на еден шверцерски начин, без дебата, само потврдува дека Заев не е сигурен во своето мнозинство, но и тоа дека нема ништо од најавите за негово зголемување“,

Според него, со овој потег Заев не си купил мирно владеење, туку добил уште броени денови за Владата, која, како што оценува повторно, е на стаклени нозе.

„Што се однесува до тезата дека со ова си купил мирно владеење, вистината е дека си купил уште броени денови за Владата, која е на стаклени нозе и на апарати за дишење. Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Прашањето за доверба наредно ќе го постави опозицијата, во моментот кога ќе осигура 65 пратеници кои ќе се потпишат. Тоа ќе биде денот каде што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода. Оваа влада ќе падне. Првиот сериозен знак за тоа го видовме, Заев сам беше принуден да го стави прашањето за доверба. Наредниот пат тоа ќе го направиме ние“,

Според член 92 од Уставот, прашање за доверба на Влада не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, што во случајов би значело до почетокот на јуни. Исклучок би можело да биде ако прашањето за доверба го постават најмалку 61 пратеник.

Целиот текст прочитајте го на 360степени ОВДЕ, а во продлолжение прочитајте за: Тодоров: Заев по стоти пат политички го тресна од земја Мицкоски

Поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров на Фејсбук го коментираше вчерашното изгласување на доверба на Владата, откако премиерот Зоран Заев самиот тоа го побара.

Според Тодоров, сѐ додека Христијан Мицкоски е на чело на партијата, Зоран Заев ќе си игра мајтап со ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде на власт. Тој смета дека има три причини во опозициската партија да го сметаат вчерашниот ден за разочарувачки, а првата е што опстана Владата предводена од Заев.

„Не ѝ беше изгласана недоверба и овој факт не може и не смее да го направи среќен било кој наш член или симпатизер без разлика дали се согласува или не со политиките на актуелното раководство. Никогаш не сум ликувал и никогаш нема да ликувам на кој било пораз на ВМРО, без разлика на тоа кој го води ВМРО и дали лично се согласувам или не со претседателот на партијата. Затоа велам, жалам што опстои владата предводена од Заев и СДСМ“, напиша Тодоров.

Втората причина за разочараност, како што вели, е фактот што излегла на виделина лагата дека има ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО.

„Кај сите членови се подгреваше лажна надеж од страна на Мицкоски дека владата е готова, падната, и дека за неколку дена ова ќе биде реалност. За жал, Заев на еден брутален начин, политички, го тресна од земја Мицкоски по стоти пат. Јасно е, сѐ додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО и ќе биде на власт во државата. Мицкоски си оди, Заев си оди“, пишува Тодоров.

Третата причина за разочараност ја гледа во фактот дека „сопартијци, очи си вадат по социјалните мрежи, со погрдни зборови и лоши мисли“, а причината за длабоката поделба, според него, е Мицкоски.

„Мицкоски си оди, ВМРО се обединува! Само сплотени можеме да станеме модерна, европска, центар десна партија и само така ќе си ги повратиме изгубените над 150.000 гласови. Или ќе останеме робови на минатото или ќе покажеме храброст и визија за иднината“, вели Тодоров.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -