19 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

Мицкоски: Со Борисов имавме конструктивна средба, Владата во заминување измислува лажни вести

Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето: Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев, но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, рече Мицкоски.

Latest Posts

Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие...

Мисајловски: Ѓорче Петров одбира обнова на Македонија

Мирче Ацев е едно од населените места во Ѓорче Петров каде што победничката атмосфера се чувствува на неколку денови пред 15-ти јули. Заедно со...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.