fbpx
16 C
Skopje

Мицкоски: Владата на Заев нè турка во грчко-должничко сценарио

АКТУЕЛНО

Наместо парите од граѓаните и бизнисот да ги инвестирате за развој во таа држава, вие ги инвестирате за покривање на штетни политики и поткуп, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по извештајот на Светската банка за 2020 година уште еднаш ги потенцираше лошите економски политики на владата на Зоран Заев.

Ај што не знаат да привлечат директна странска инвестиција веќе трета година по ред, еве не знаат. Тоа го заклучуваме и од извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“, и од волуменот на пари кои што се влезени по основ на странски инвестиции. Ај да видиме сега со домашните. Парите ги прибираат, од нас, од економијата, од бизнисот, тие пари влегуваат во буџетот, но нивото на реализација на капиталните инвестиции кои самите на почетокот од годината си ги дефинирале, ги намалија со ребалансот. Зошто? Затоа што тие пари им требаат да ги пренасочат во други политики во отсуство на визија за развивање на сопствената држава, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека овие политики оставаат трајни политики кои ќе мора да ги лечиме.

Овие показатели се јасна насока дека одиме во бездна, во едно грчко-должничко сценарио, но подготвени сме, знаеме како да излеземе од ова, порача Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -