fbpx
3 C
Skopje

Христијан Мицкоски пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Добив смс порака од Русковска, јас ја побарав да видам за што станува збор

АКТУЕЛНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, дава изјава за медиумите.

Изјавата е во врска со последните информации изнесени од обвинителката Вилма Русковска.

Мицкоски истакна дека во јули добил порака од Русковска, по што ја побарал на телефон, а во тој разговор таа изразила желба да се видат и да разговараат.

– Разочаран сум од лошата состојба во правосудството, тесната врска меѓу власта, обвинителството и судството. Ова се лаги кои имаат за цел да му слугуваат на Зоран Заев. За ова што го кажав денес поседувам докази. Јас се трудам да се држам до фактите и аргументите

Мицкоски зборуваше и за изјавата на Русковска за делот кон новинарите.

– Покажа и докажа дека во спрега со власта не е подготвена објективно да си ја извршува функцијата. Ја осудувам и апелирам да се воздржи од било какви непристојни коментари, посебно, однапред да обвинува новинари. Ваков прогон е својствен за една држава во светот, а тоа е Северна Кореја и ние така не смееме да се однесуваме.

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Posted by Kurir on Wednesday, October 30, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -