Христијан Мицковски, директор на ЕЛЕМ, во дневникот на Канал 5 истакна дека остануваат фокусирани и ја следат состојбата и се справуваат навремено со предизвиците.
„Електроенергетскиот систем во Македонија е стабилен. Граѓаните ги добиваат неопходните количини на енергија. Викендов во одредена мера се релаксираше електроенергетскиот систем во Македонија, односно ова благо затоплување на времето позитивно влијаеја на конзумот на граѓаните, но се уште не можеме да кажеме дека најлошото помина. Ни претстои уште една недела која ќе биде прилично снежна според светските хидрометеоролошки станици“, рече Мицковски.