fbpx
36.8 C
Skopje

Мизеријата продолжува: Македонија на 165. позиција на ФИФА ранг листата

АКТУЕЛНО

Македонската фудбалска репрезенација продолжува да тоне на ФИФА ранг листата, па на најновиот распоред се наоѓаме на делба на 165. позиција заедно со Косово.

Лошите резултати го даваат овој резултат, кој не изедначи со држава како Косово, која пак има само четири официјални натпревари, без победа и едно реми, со само две победи во пријателски напревари.

Од репрезентациите во нашата квалификациска група за СП во Русија, најдобро рангирана е Шпанија на 10. позиција, Италија е 15., Албанија на 55. место, Изреал го зема 60., додека Лихтенштајн е зад нас на 178. позиција на ФИФА листата.

На врвот и натаму прва е Аргентина, следува Бразил, додека трета е Германија. Во првите десет има простор уште за Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -