fbpx
19.8 C
Skopje

Млад делчевчанец загина откако бил прегазен од камион во Германија

АКТУЕЛНО

На автопат во Германија, на Бадник загинал 26. годишниот Ванчо од Делчево, информација која се уште не е потврдена од државните институции, но граѓаните на градот на Делчев веќе истакнуваат дека сочувствуваат со семејството за огромната загуба.

Ванчо имал завршен факултет на електро-техничкиот факултет во Штип, но за подобра иднина за себе и фамилијата се одлучил да замине во странство, каде возел камион.

Несреќата најверојатно се случила откако неговиот камион се расипал, по што морал да се симне и да го локализира проблемот. На него тогаш налетал друг камион, од кој бил прегазен. Зад себе Ванчо остави сопруга и ќерка, додека за некој месец очекувал и свое второ дете.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -