19.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Лас Вегас

spot_img

Засега нема информации за загинати или повредени македонски државјани во нападот што се случи денеска на фестивал во Лас Вегас, изјавија за МИА од македонското Министерство за надворешни работи.

Соопштение со повеќе информации МНР најавува подоцна во текот на денот.

Полицијата во Лас Вегас соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени, а 406 се повредени во нападот извршен денеска на музички фестивал во Лас Вегас. Лицето осомничено за нападот е идентификуван како 64-годишен белец Стивен Педок од Невада. Полицијата го застрела напаѓачот во хотелска соба, на 32. кат од хотелот Менделеј Беј.

Извор: www.press24.mk

поврзани објави

         

Последни објави