fbpx
12.8 C
Skopje

Могерини: Сакаме добри односи со Москва, но санкциите остануваат

АКТУЕЛНО

Европската унија би сакалa да ги подобри односите со Москва, но не може да се однесува, како да не се случила анексијата на Кримскиот полуостров од страна на Руската Федерација“. Ова го изјави Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини во рамките на посетата на Москва. Санкциите на Брисел, наметнати поради нелегалното пристапување на Крим кон составот на Русија, ќе останат во сила, увери во Москва италијанскиот дипломат. Могерини ја повика Москва да вложи напори за постигнување на целосен прекин на воените дејствија во Донбас. По прашањето за Украина меѓу ЕУ и Русија се уште остануваат многу разлики, констатира Могерини.

            “Дефинитивно ЕУ има некои глобални несогласувања со Русија на прво место по прашањето со Украина. Но има и прашања во кои соработуваме, и имаме намера да ја прошириме оваа соработка и во други сфери“, истакна европскиот дипломат, додавајќи дека „освен Украина постојат и други области на загриженост“. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров увери дека Москва има подготвеност да повлијае врз властите во двете републики кои немаат статус на меѓународно признаени држави (Луганска и Доњецка),  за истите да го испочитуваат договорот од Минск.

            „Подготвени сме да го изодиме својот дел од патот и да дадеме гаранции за овие договори“ , изјави Лавров. Истовремено првиот дипломат на Москва ги повика Европејците да се фокусираат на вистинските, а не измислените проблеми. “Убедени сме во потребата, нашите сили да се концентрираат за решавање на нашите заеднички вистински закани, а не кон измислените ризици за безбедноста“, категоричен беше Лавров, подвлекувајќи ја важноста на борбата против тероризмот.

            Ситуацијата во Иран, Либија и Авганистан исто така беше меѓу водечките теми од агендата на разговорите меѓу Лавров и Могерини.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -